Често поставувани прашања

Што е ПАП формула и како таа ги избелува забите?

Иновативната формула Happy Smile PAP е збогатена со витамини и минерали кои ги прават вашите заби поцврсти и побели.

Формулата ПАП содржи три активни состојки кои ги штитат и избелуваат забите.

  1. Фталимидопероксикапроична киселина (ПАП) е активно средство за избелување на забите. ПАП реагира исклучиво во контакт со дамки на забите без ослободување на слободни радикали, кои се главната причина за чувствителност на забите, иритација на непцата и деминерализација.
  2. Калиум нитрат е минерал кој го штити забниот нерв. Не само што делува на површината, туку продира длабоко во забот и низ мекиот слој на дентинот за да им обезбеди на нервите трајна заштита од болка и чувствителност.
  3. Хидроксиапатитот е главната компонента на забите. Формулата Happy Smile PAP содржи хидроксиапатит добиен преку синтетички процес кој ги заменува минералите со обновување на оштетените области на глеѓта. Редовната употреба го зајакнува заштитниот слој на забите. Внимателно избраните состојки се погодни и за употреба кај чувствителни заби и непца.

Дали формулата Happy Smile PAP содржи водород пероксид?

Иновативната формула на Happy Smile не содржи водород пероксид. Имајќи ги во предвид последиците од пероксидот како главно средство за избелување на забите, внимателно создадовме формула која е погодна и за чувствителни заби и непца.

Формулата Happy Smile содржи витамини во форма на екстракт од лист од алое вера, цвет од камилица и семе од калинка, како и безбедни активни состојки како ПАП, хидроксиапатит и калиум нитрат кои ги прават забите поцврсти и побели.

Вашите заби заслужуваат пред се да бидат здрави, а потоа убави!

Дали избелувањето на забите со напредна формула е навистина безбедно?

Клиничките студии докажаа дека подобрената ПАП формула не само што е безбедна за употреба,туку содржи и состојки за кои е докажано дека ја подобруваат цврстината на забите и ја ублажуваат постоечката чувствителност. Имајќи ги во предвид последиците од водород или карбамид пероксидот како средство за избелување на забите, внимателно создадовме формула збогатена со витамини и минерали кои ги прават забите поцврсти и побели.

Дали новата формула предизвикува чувствителност на забите и непцата?

Клинички е докажано дека нашата ПАП формула не предизвикува чувствителност на забите и непцата. Тоа е резултат од присуството на калиум нитрат, моќен десензибилизирачки агенс, кој ја спречува чувствителноста на забите и непцата.

За време на избелувањето, ПАП делува исклучиво на дамките на забите без да ги оштети заштитните слоеви на забите, исклучувајќи ја иритацијата и деминерализацијата на забите.

Колку време е потребно за максимални резултати?

Видлива разлика може да се забележи по 1-4 дена, во зависност од моменталната боја на вашите заби. Клинички е докажано новиот молив Happy Smile има таков ефект врз забите што може да ги избели и до осум нијанси.

Колку долго трае пенкалото и LED уредот Happy Smile?

Пенкалото Happy Smile содржи 2ml гел, што е доволно за 25-30 апликации. Гелот се нанесува исклучиво во тенок слој. Доволно е да го завртите механизмот еднаш или двапати и количината на гел што се појавува на четката е доволна за еден третман.

LED уредот е речиси вечен со правилно одржување и употреба. Содржи практичен магнетен полнач и долготрајна батерија. Потребно е само да го поставите на адаптерот и по два часа полнење, уредот ќе биде подготвен за следните 7 третмани.

Дали активниот јаглен е замена за пастата за заби?

Happy Smile активен јаглен Црното издание не е замена за редовната дентална хигиена.

100% природна формула во прав е збогатена со хранливи материи кои ги чистат забите од наслаги и нечистотии, забавувајќи го формирањето на бактерии. Покрај овие придобивки, активниот јаглен ефикасно ги избелува забите, обезбедувајќи долгорочен ефект на избелување.Но се користи по редовна дентална хигиена!

Може ли да користам производи Happy Smile за време на бременоста?

Не препорачуваме користење на Happy Smile пенкалото и LED уредот за време на бременоста од превентивни причини, а активниот јаглен поради својот 100% природен состав е апсолутно безбеден производ за нега и избелување на забите за време на бременоста.

За време на периодот на лактација, препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар пред да го користите пенкалото и LED уредот Happy Smile .

Може ли да користам производи Happy Smile ако носам фиксни протези?

Не ве советуваме да користите производи на Happy Smile доколку носите фиксни протези поради неможноста гелот да навлезе под протезите.Откако ќе ја извадите фиксната протеза, можете да почнете да ги користите производите Happy Smile.

Може ли да користам производи од Happy Smile на вештачки заби (коронки, мостови, пломби, фасети)?

Производите Happy Smile се наменети за природни и витални заби, во тој случај гарантираме резултати на избелување.

Но, напредната ПАП формула се покажа како многу ефикасна за голем број наши корисници со вештачки заби целосно или делумно, а резултатите се задржување на сјајот и белината на вештачките заби.

Колку пати дневно треба да ги користам производите на Happy Smile?
Производите на Happy Smile се користат еднаш во денот.

Имам вишок плунка додека го правам третманот, што ако ја проголтам?
Акумулацијата или собирањето на вишок плунка во текот на третманот е сосема нормално и воопшто нема да влијае врз процесот на белење на вашите заби. Ако ви пречи прекумерната плунка слободно исфрлете ја. 

Доколку проголтате мала количина за време на третманот, не грижете се сите состојки се апсолутно безбедни.

-------------------------------------------------------------------

ИСПОРАКА

БЕСПЛАТНА
брза испорака во Македонија (1-3 работни дена) по вашето купување.